петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Среде „Рекет“ Владата и платила на лична сметка на Катица: Јанева од притвор уште ги води СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

Среде „Рекет“ Владата и платила на лична сметка на Катица: Јанева од притвор уште ги води СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

На датум 5 јули 2019 година на личната сметка на Катица Јанева, Владата префрлила 36.000 денари, покажуваат податоците од базата „Отворени финансии“. Ваква уплата има и 19 јуни 2018 година во износ од 24.000 денари.

Вечер.мк упати прашања до владата дали и исплатиле средства на Катица Јанева, а ако и исплатиле, колку се исплатени и по кој основ, но одговор од владата нема.

Датумот 5 јули кога владата и ја плаќа на Катица последната уплата, е на само 10 дена пред таа, во утринските часови да си поднесе оставка од функцијата Специјален јавен обвинител, и само 10 дена пред апсењето на Боки 13 истиот ден попладнето.

Ако се знае дека во тоа време во полн ек беше предистражната постапка за аферата Рекет, која наводно ја пријавил премиерот во април 2019 година, односно 4 месеци пред да и плати на Катица, логично се поставува прашањето: зошто во сред афера Рекет владата и исплатила на шефицата на СЈО на личната сметка 36.000 денари.

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, според јавно достапните информации, сеуште е член на Советот за реформи во правосудството. Не си поднесе оставка од ова тело како што се повлече од СЈО. Но, ниту Советот досега не ја разрешил.

Во скандалите во низа, се поставуваат многу прашања.

1. Зошто Советот не ја разрешил Катица Јанева уште кога премиерот во април пријавил Рекет?

2. Зошто владата и плаќа сред афера Рекет?

3. Ако и плаќа за учество во Советот за реформи, зошто тоа го сториле кога таа е во предистрага, која ја знаеле?

4. Ако овие пари се за учество во Советот, зошто не и ги платиле порано, туку се чекало на 10 дена пред апсењето?

5. Зошто владата и плаќала на Катица додаток за доверливост преку СЈО?

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“.

Најголем дел од дополнителните пари, 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

Како што може да се види во базата, поранешната обвинителка секој месец земала по околу 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење, 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „Други трансфери“. Токму овој последен бонус е модусот преку кој Јанева ги зела најголемите суми.

Тој се зголемувал во текот на мандатот од четири години – од 1.600, преку 2.200, па сѐ до 4.000 евра.

Базата покажува оти Јанева за првпат ваков додаток за доверливост зела во ноември 2015, и тоа во износ од 248.000 денари, додека втор во февруари 2016, и тоа 70.000 денари. Наредните десетпати зела по 100.000, па еднаш – 40.000 и потоа уште 11 пати по 140.000. Од октомври 2017, па сѐ до јули годинава, Катица Јанева 22 пати зела по 250.000 денари или по 4.000 евра.

Додатокот за доверливост е предвиден со Законот за СЈО, а Јанева со посебна одлука лично го одредувала износот.

Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ на фејсбук реагира откако беше соопштено дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата.

За 4 години по основ на плата, спорни хонорари за доверливост, репрезентации, патни трошоци и дневници, обвинителите од СЈО добиле отприлика по:
Катица Јанева = 340.000€
Фатиме Фетаи = 285.000€
Гаврил Бубевски = 285.000€
Трајче Пеливанов = 270.000€
Артан Ајро = 270.000€
Лиле Стефанова = 270.000€
итн. итн.

Народот нека скенира фискални сметки!, напиша Милошоски.

Но, не се само овие уплати на сметката на Катица. Не е јасно зошто обвинтелството во Гевгелија и исплатило 53.809 денари во март 2018 година, кога таа веќе формално-правно е специјален јавен обвинител.

Министерството за финансии, завчера преку базата ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, освен основните плати на вработените во администрацијата и затоа не може да се дојде до официјална информација за висината на личниот доход на Јанева.

Целосните примања на Јанева беа предмет од особен интерес на јавноста уште од самото формирање на СЈО, меѓутоа тие официјално не можеа да бидат потврдени бидејќи обвинителството дел од примањата ги класифицираше како таен податок. Сите инсистирања за сумите досега се сведуваа на претпоставки, а Јанева одбегнуваше да соопшти колку вкупно пари зема како шефица на Специјалното јавно обвинителство.

Извор: Вечер

Најнови вести