Сите лидери во светот се борат да дојдат на власт со најсилното оружје што го имаат, било да е тоа дипломатија, моќ на убедување, трпение, интелигенција или напад на спротивставени табори. Но, во една балканска земја до политичкиот трон се стигнува и со „бомби“. Пукање на т.н бомби на Заев одекнаа низ целиот свет. Армијата на ВМРО-ДПМНЕ беше поразена, а воениот лидер Никола Груевски, тогашниот премиер, беше осуден на затворска казна. Денес, сепак, тој е слободен унгарски државјанин. Главната обвинителка Катица Јанева наместо Груевски и неговите соработници себе си се прати во затвор бидејќи го искористила популарниот македонски колач „поткуп со шлаг“, пишува српска Политика.
Тогаш беше формиран парламентот со Талат Џафери на чело. Премиерот Зоран Заев имаше јасна цел за својата земја: влез во НАТО и ЕУ. Овие цели, сепак, постојано му бегаа. Се согласи и со Договорот од Преспа, го промени Уставот и името на државата. Додуша, тоа му го отвори патот за влез во НАТО, но ЕУ остана на долг рок. Затоа тој веќе еднаш поднесе оставка (2019). Заев сега поднесе оставка по враќањето од Тирана, каде се одржа самитот на лидерите за „Отворен Балкан“. И таму, види чуда, не се работи за создавање на голема Албанија, туку за основите на обединувањето на балканските држави. Не е лошо, но ЕУ е уште далеку.
Токму таа ЕУ го уби Зоран Заев, постепено но упорно вртејќи го македонскиот народ против него затоа што ветувањата што ги даваше едно по друго паднаа во вода. Замислете Макрон да седи на брегот и да прави „жаби“. Токму кога камчето изгледа како да лебди, да направи чекор понатаму – тоне. Па не е баш забавна игра, особено на Македонците не им се допадна. На локалните избори му свртеа грб на лидерот кој не успеа да ги прекине овие игри.
Наместо Заев, шанса за учество на Европска Олимпијада доби Димитар Ковачевски, пријател од факултетот на поранешниот државен капитен. Но додека Бугарија е во игра, тој ќе го следи натпреварот и од клупата за резерви. А за ЕУ ќе треба да чека Бугарите да се смилуваат и да го признаат македонскиот идентитет и јазик.
Слабеењето на Зоран Заев како врховен војсководец подготвено го поздрави опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која сите напори ќе ги насочи кон одржување на предвремени парламентарни избори. Сè додека не се одржат или предвремени избори, кои би можеле да бидат во јуни следната година, или регуларни избори за две и пол години – Заев ќе продолжи да биде премиер од сенка, со надеж дека, како Берлускони, ќе се врати во центарот на вниманието.
Но, дали Заев се грижел – за тоа нема потреба да се грижите, бидејќи неговата семејна работа е во подеми тој станува се поуспешен. Станува збор за одгледување зеленчук, од кој меѓу другото се произведува ајвар, и производство на марихуана. Тој ќе има повеќе време и за својот миленик на две тркала. Можеби планира подолга турнеја, па на неа ќе се сретне со Путин, бидејќи како премиер немал толку среќа.
Дочекот во Собранието Заев ќе го памти по лузната што ја доби во знак на гостопримство, а од Собранието беше испратен со аплауз на опозицијата. Секој ќе гледа на неговите не(успеси) како премиер од своја перспектива, што е и нивно демократско право.