петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Става ли власта рака на бизнисот со возачки во секој град – Кавга во ДУИ за Тетово

Става ли власта рака на бизнисот со возачки во секој град – Кавга во ДУИ за Тетово

Бизнисот со возачките испити во Тетово го води фирма за која тетовскиот суд издал времена мерка за забрана на дејност, стои во документите до кои дојде Алфа. Истиот извор посочува дека од друга страна пак битката кој ќе го води бизнисот со испитен центри во овој град неофицијално бил причина и за големи внатрепартиски препукувања во ДУИ, пренесува телевизија Алфа.

„Њу Драјвер“ од Тетово е фирмата која и покрај забраната од судот, во април годинава од МВР добила лиценца за спроведување возачки испити во Тетово.

Таа фирма заедно со уште две други се пријавила на конкурсот на МВР, објавен на 29 декември лани за доделување на лиценца за испитни центри во Тетово, Куманово, Охрид и Штип. Комисијата на МВР лиценцата ја доделиле на „Њу Драјвер“, а од игра биле исфрлени Дона Стар и Авто Мото Стар.

„Дона Стар“ поднеле тужба до Њу Драјвер обвинувајќи ги дека придонеле за неправила конкуренција со што Судот ја прифатил оваа тужба и донел времена забрана. Но и покрај тоа лиценцата сепак ја добиле „Њу Драјвер“ во април годинава.

Чаршијата во Тетово наголемо говори дека зад бизнисот со испитниот центар се вмешани двајца високи партиски функционери од ДУИ, едниот актуелен пратеник вториот висок владин функционер.

Добиената лиценца предизвикала и раскол во ДУИ, па дури и сериозни закани за заминување од партијата. Овие шпекулации Алфа не ги потврди, па затоа имињата на функционерите кои наводно биле поврзани со добивање на лиценцата нема да ги објавиме, објавува Алфа.

Најнови вести