среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стевананџија: Парите за земјоделците ќе се наменат за 27-те заменици директори на јавните претпријатија

Стевананџија: Парите за земјоделците ќе се наменат за 27-те заменици директори на јавните претпријатија

На заседавањето на комисијата за земјоделие пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, истакна дека изгласувањето на законското решение за заменик директор на Агенцијата за Поттикнување на развој на Земјоделието по брза постапка, се прави за да се задоволат партиските кадри.

Стевананџија исто така вели дека платите на овие заменици директори по јавните претпријатија ќе ги плаќаат земјоделците со зголемениот данок како и пензионерите на кои им се намалуваат пензиите.

-Ако на едни им се крати, на други им се зголемува. Е тоа е политиката на СДСМ, задоволување само на личните теснопартиски интереси на грбот на земјоделците. Овие пари ќе бидат исплатени од зголемените даноци кои што ги донесе оваа влада и за земјоделците. Тоа не беше ветување на СДСМ. Единствено реализирано ветување беше дека нема да плаќате радиодифузна такса, и тоа во го реализираа и сега сте побогати. Ама кога ќе дојде да ги надмирите сметките за вашите земјоделски приходи од продадениот тутун и други земјоделски производи, кога ќе видите дека треба да платите 18 проценти данок, тогаш ќе видите колку е исплатливо ова законско решение, изгласувањето на многу битен заменик директор на ова агенција за поттикнување на развој на земјоделието. Баш би сакал да слушнам објаснување од предлагачите која е потребата за воведување на ваква функција, која потребата во агенција да има заменик директор кога и директорот не работи ништо. Ако си се потпишал на закон значи веруваш дека тоа законско решение е добро. Ако си дал подршка на ваков потег, треба да го образложиш. Тие си тераат по онаа старата: потпиши го, ќе помине времето, ќе се изгласа и никому ништо, ама еден партиски кадар ќе задоволиме. Така не ветуваа. Јас мислам дека така не ветуваа. Нему ветуваа ниту на пазарџиите пензионери кои што одгледуваа некои производи, а сега не смеат да ги продаваат на градските пазарски тезги, рече Стевананџија и додаде:

-Парите на земјоделците ќе се наменат за 27-те заменици директори на јавните претпријатија. Парите на земјоделците ќе се наменат за да се тапацираат со телешка кожа фотељите во МЕПСО, 210 илјади евра набавка. Ова не му го кажува Ленче Николоска на земјоделците кога оди по селата. Затоа ја бркаат од сите села.

Најнови вести