ПОСЛЕДНАТА СЕРИЈА ЗАЕВ ПРОТИВ ЗОРАН! Го гледам денеска Заев не може да го препознам човекот, до вчера се перчеше дека ете тој ќе оди на избори кога сака па ако треба и сам, а денеска капитулација, петта по ред. Па вчера демек не само што вели или 5. јули или сам ќе оди на избори, во серијата “Заев против Зоран”, туку бара и да сме го оставеле сам да владее, да сме виделе што ќе направел. Видовме до сега, доволно беше, истакнува Иван Стоилковиќ.
Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:
Овдека најсериозно се гледа дека “лудачката кошула” која ја облекол сака да ни ја продаде како модел кој сите ќе го носиме. Политичар да бара избори сам со себе и сам да владее очигледно има проблем не само со системот кој го владее туку и системскиот пристап во главата. Тоа што во јавниот живот не се тема ваквите изјави само по себе значи дека “лудачката кошула” многумина ја прифатиле како добар, солиден и нели модерен крој.
За да се види дека Заев или Зоран го изгубија кормилото ќе ве вратам на бескомпромисниот 14. јуни, па преку 21. јуни, до 28. јуни кога веќе стана јасно дека системот на борбата против Ковид-19 се распадна како кула од карти и кога се виде дека недостатокот на политичкиот капацитет ќе го воведе до политичка капитулација.
Работите станаа појасни по изјавата дека ќе победи со десет пратеника разлика, и тука се виде дека човекот кој одлучуваше за животот и смртта во Македонија веќе не одлучува за ништо и дека станува збор за десперадос чии зборови се само гола со ништо поткрепена вистина.
Со очајничкиот потег или во каубојски стил кажано крик во стилот на последниот десперадос, “избори на 5. јули или сам ќе одам на избори” уште повеће заглиби во калта. Во услови на драматично зголемен пораст на заразени и дебакл на неговиот тим во врска со пандемијата несвесно или како што очајниците знаат да си направат штета самите на себе, како на послужавник се сервираше за претпоследниот дебакл кој Мицковски вчера маестрално му го приреди.
Последниот удар се очекува да го зададат граѓаните на Македонија на 15. јули, без оглед на сите стеги и ограничувања, со подршка на коалицијата За обнова на Македонија.