Генералната политика на владејачката партија се состоеше од неколку, условно кажано, претпоставки. Првата претпоставка беше дека Зоран Заев ја има, условно кажано, најголемата поддршка на меѓународната заедница, па дури и ако ги изгуби изборите дека меѓународната заедница ќе му помогне да состави влада и тоа им е еден дел од предизборниот настап кај бирачите и кај нивното членство за да го мотивираат за партиски активности.
Ова во интервју за КУРИР го истакнува Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.
-Оваа проблематика со датумот на изборите покажа дека таа меѓународна позиција на Зоран Заев веќе не е таква каква што беше во минатото, дека ситуацијата е многу променета, рече тој.
Стоилковиќ оценува дека меѓународна заедница го “повлекла за уши“ лидерот на СДСМ и му порачала да не си игра игранки за изборите бидејќи работите не одат така.
Во продолжение погледнете дел од интервјуто кое КУРИР го направи со Стоилковиќ. Целото интервју ќе биде објавено вечерва на КУРИР.МК.