сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Ангелов купува телефони и мебел, а нема пари за соодветна ПП заштита

Стоилковски: Ангелов купува телефони и мебел, а нема пари за соодветна ПП заштита

Според дел од документите кои што ги поседуваме, со потпис на Стојанче Ангелов само годинава се потрошени 200.000 евра со измени на планот за јавни набавки на ЦУК за мебел, телефони и луксузи. Стојанче Ангелов додал над 1.000.000 денари за мобилен телефон, со измена на годишниот план за јавни набавки на ЦУК. Според овој пак документ од 7-ми април годинава Стојанче Ангелов потпишал 2.700.000 денари за канцелариски мебел и компјутери.  Над еден милион за купување на канцелариски мебел и еден милион и 700.000 за информатичка опрема, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Сервисирањето на канадерите, единствените средства за навремено справување со огнена стихија во шума, во планина, каква што ја зафати Македонија чинело 400.000 евра. Ама тоа било скапо. За телефоните и фотелјите на Стојанче не е скапо, за канадерите е скапо. Зоран Заев го награди Стојанче Ангелов заради тоа што цела Македонија е доведена во опасност. Стојанче е награден затоа што Македонија е изложена на потсмев во светот, заради несервисирани канадери, ПП возила од пред цел век, заради почеток на акција цели три дена по информациите дека има шумски пожар! Ангелов купува телефони и мебел, а се нема пари за соодветна ПП заштита, вели тој.

Стоилковски истакнува дека Стојанче смета дека не е одговорен и не било негова надлежност, а Зоран Заев го унапредува!

-По се изгледа, работата на Стојанче Ангелов е да зема плата од буџетот за да се фотографира, да го фали Заев, и да се луксузира во канцеларии со нов мебел и опрема додека Македонија се пеплосува. Зоран Заев за директор на ЦУК избра нестабилен, несериозен и човек без елементарни познавања за функцијата на која што е поставен. Едноставно, Стојанче Ангелов нема чувство за одговорност! И со изборот на Заев на Стојанче Ангелов граѓаните во Македонија се доведени во опасност. И се што се случувало до сега и што ќе се случува понатаму, не е одговорност само на Стојанче Ангелов, туку и директно на Зоран Заев, заклучи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести