понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски до Салиху: Полека со математиките и споредбите, или Петре Шилегов ти го нарача од хрватските плажи?

Стоилковски до Салиху: Полека со математиките и споредбите, или Петре Шилегов ти го нарача од хрватските плажи?

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на својот Фејсбук профил објави, како што вели, илустрација, а со која сакаше да направи паралела на минатата власт и сегашната. Се е до приоритетите, напиша тој, велејќи дека парите наместо за врби во Вардар или лавови, можеле  да бидат потрошени за противпожарни возила.

На ова реагираше портаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:

О, Ваљон, каде си бе птичко? Ти заврши работно време?

Ама, уште е вторник!

*(Добро е, прочитал. Избришал тагот,  пак се сокрил)

Велиш 200.000 евра е едно ПП возило. Види вака сега математика за основци:

Колку ПП возила можеле да се купат за 12.700.000 евра, ако едно е 200.000?

12,7 милиони евра во 2019 година е продадена Градската куќа.

Вие УШТЕ сте во бараките!

Продаден е објект за 12,7 милиони евра, затоа што немало да ве собере.

Во Г.Скопје беа околу 350, продадената градска куќа беше планирана за 650 вработени.

До 2019 за 30% набутавте администрација.

*(Дополнето) До сега 650 се, значи 50% довработени, без пожарникари!

Уште колку ПП возила се тоа годишно, знаеш да пресметаш?

Полека со математиките и споредбите, не ти иде баш пазарот. А вторник е.

Што сам си дигал рака ако не ти држи?

Или Петре Шилегов ти го нарача од хрватските плажи?

Скопје заслужува вистина!

Најнови вести