четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Државата гори од пандемија и погреби, а Филипче и Заев возат мотори!

Стоилковски: Државата гори од пандемија и погреби, а Филипче и Заев возат мотори!

Oва е новото Дубаи, oва е новото Мексико! Државата гори од епидемија и од погреби, а Венко Филипче и Зоран Заев си се возат на своите мотори, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Ова се Зоран Заев и Венко Филипче, кои што денеска низ Македонија се возат со нивните скапи мотори. Режимот продолжува со одмор и релаксација додека Македонија погребува свои граѓани!

Секојдневно над 30 граѓани се жртви на епидемијата и на негрижата на Режимот. Секојдневно има над 1400 новозаразени од Ковид 19. Ама Заев и Филипче мува не ги лази и си уживаат во своите крстосувања со скапите мотори од по 30 и кусур илјади евра.

Граѓаните очекуваат целосна заложба околу справувањето со епидемијата, додека очекуваат решавање на нивните проблеми, а Заев и Филипче без трошка срам си уживаат во убавото пролетно време. Ова е нивната релаксација.

Наместо да ги гледаме Филипче, Заев како коленичат по фармацевските компании, како бараат вакцина повеќе, Филипче кажува дека се е под контрола и можеби ќе сме имале поголем бран следнава недела. И се качи на моторот заедно со неговиот шеф Заев да се возикаат низ Македонија.

Луѓе умираат барајќи кислород, болниците се преполни, но тоа Филипче не го интересира. Филипче и Заев ги интересира угоден живот, ги интересира големи провизии, а граѓаните кој како ќе се снајде.

Некои во Србија, некои со надеж дека ќе се спасaт, ама Зaев и Филипче тоа не ги интересира.

Срамното, бедното и нечовечкото однесување на режимот продолжува!, рече Стоилковски.

Најнови вести