петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Јасно им е во СДС и ДУИ дека уставни измени нема да има после искажаниот став на Стево Пендаровски

Стоилковски: Јасно им е во СДС и ДУИ дека уставни измени нема да има после искажаниот став на Стево Пендаровски

„Стево Пендаровски како претседател е должен да излезе во јавноста и да стави крај на овие небулозни тврдења кои доведуваат до заблуда на јавноста да се извини на граѓаните за ширење на лагите, и да започне со работа бидејќи Македонија е во сериозни проблеми а тој се занимава со рекла казала, ширење на лаги и небулози со спинови, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Тој додаде дека и досега ВМРО-ДПМНЕ го повикала Пендаровски јавно да ги посочи или да се извини за неговите искажани лаги.

„Стево Пендаровски се занимава со рекла казала наместо со вистинските проблеми во државата и е извор на лажни вести и оговарања во државата. Во преголемо слободно време се занимава со пласирање на лаги во јавноста“, рече Стоилковски.

Тој потенцираше дека јасно им е во СДС и ДУИ дека Уставни измени нема да има после искажаниот став на Стево Пендаровски.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен повеќе од една година е во јавноста познат и јавно искажан се држи до тоа дојде до една седница во Собранието каде се покажа цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Стоилковски.

Најнови вести