среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Македонија мора да има јавен обвинител кој ќе биде кредибилен за да можат граѓаните да веруваат во институциите

Стоилковски: Македонија мора да има јавен обвинител кој ќе биде кредибилен за да можат граѓаните да веруваат во институциите

Републичкиот Јавен обвинител Љубомир Јовески мора да си поднесе оставка и на негово место да дојде професионалец кој што нема да се плаши да покрене постапка и да ги испитува криминалите на Зоран Заев, СДСМ и на картелот на власт, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Љубомир Јовески не смее да го држи во заложништво Јавното Обвинителство и да нема буквално никаков одговор на сите сомнежи дали и кои бизнисмени го послушале Заев и купувале гласови за изборни цели? Кој дал наредба да се крши изборниот молк, кој ги набавувал телефоните и кој повикувал гласачи на денот на гласањето? Обвинителство, водено од Јовески спие додека се одвиваат изборни кражби, полнења на кутии, кол-центри, јавен поткуп на гласачко право. Јовески не реагира ниту по службена должност по допрен глас, ниту по поднесена кривична пријава со докази за основано сомнение за поткуп и поттикнување поткуп за изборни цели поднесена од опозицијата. Јовески веројатно нема да мрдне да истражи до крај кои биле полначите и чија била наредбата да се полнат кутиите за време на референдумот, нешто заради што е и поништено гласањето на Избирачко место од ДИК, вели Стоилковски.

Тој посочува дека Јовески нема да излезе од сенката на пупката на расцветаното судство на Зоран Заев, ЈО не реагира, а опозицијата обвинува за кражба на 50-тина илјади гласови!

-Па има ли од ова поголем доказ за потребата од смена на Републичкиот јавен обвинител, кој преспива се’, од поткуп до полнење кутии за изборни цели? За денот на гласањето посочивме на низа нерегуларности, аргументирано и со докази за кршење на молкот, лажно претставување, злоупотреба на телефонски броеви, кол центри на СДСМ, потоа основано сомневање за полнење на кутии, лажирање на резултати, насилство врз набљудувачи, а од него, од ЈО Јовески – ни глас! ВМРО-ДПМНЕ постојано поднесува кривични пријави за кривични дела против изборите, за кои ЈО треба само по службена должност, екс официо, веднаш сами да отворат истрага! Ама, Јовески го НЕМА! Човекот чека некој друг да му ја заврши работата! Се уште нема никаква информација дали Јовески и ЈО воопшто мрдна од место во овие две недели откако беше поднесена кривична пријава против Зоран Заев за поткуп и поттикнување поткуп во изборни цели, со докази кои сите ги видоа, искажани лично од Заев на јавна сцена, на трибина во Крива Паланка, со јасна порака и мотивација за поткуп на избирачко право?, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додава дека референдумот заврши, во такви криминални услови, сега испливуваат и други криминали, а Јовески не мрда со прст!

-Сите нерегуларности во врска со референдумот сите индиции за криминални изборни дејства треба да се истражат. Но за тоа е потребен избор на нов Републички Јавен обвинител по предлог на опозицијата. Треба брза смена на Републичкиот Јавен Обвинител! Криминални избори не смеат да се повторуваат, сторителите на вакви криминални однесувања да бидат изведени пред лицето на правдата. Ако тоа не се случи, повторно ќе ни се случуваат криминални избори. Тоа можеби се европски вредности за власта за Зоран Заев, но не и за Република Македонија. Затоа Република Македонија мора да има јавен обвинител кој што ќе биде кредибилен да ги истражи овие случаи, за да можат граѓаните да веруваат во институцијата тоа што ќе излезе од таму, навистина е така, вели Стоилковски.

Најнови вести