среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: За татковината со љубов е да си оди Заев, неговите лаги и носат загуби на Македонија

Стоилковски: За татковината со љубов е да си оди Заев, неговите лаги и носат загуби на Македонија

Ниту сто иницијативи да направат, ниту сто тела да соберат, не се способни за никаква реформа. Тоа го покажуваат веќе четири години. Веќе имаат две тела оформено за реформи, едно кај Нина Ангеловска, а друго во Владата и ова е признание дека ништо не сториле. А ниту ова што сега го најавуваат нема ништо да направи. Се што гледаме е гол маркетинг и ова е продолжение на тие неуспешни демагогии. “За татковината со љубов” не е да се продава идентитетот за приватни бизнис интереси како што тоа го прави Зоран Заев, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– За татковината со љубов е да се свика лидерска средба, а не Заев сам да договара и ветува откажување од идентитетот во тет а тет средби со Бојко Борисов.За татковината со љубов е да се постават црвените линии за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. За татковината со љубов велат, а Зоран Заев сака да заврши со парите во џеб од продажбата на Иловица на бугарски газди За татковината со љубов, а вчера се загубија 46 животи поради неспособноста во справувањето со корона вирусот. За татковината со љубов е наместо да ставаат маска на лажен патриот, да си оди Зоран Заев заради предавничките политики. За татковината со љубов е да замине Зоран Заев. Ова е само глума дека се работи за татковината со љубов, бидејќи се што прават, прават спротивно,вели тој.

-Велеа дека претходно било режим, а околу себе се екипираат и ги собираат како засилување токму луѓето кои што ги посочуваат како дел од режимот. Тука се важни две работи, или треба да се извинат што лажеа дека наводно било режим или да побараат прошка од народот или ако се уште мислат дека било режим да објаснат што прават тие луѓе сега со нив на маса. Во државата постои хистерија единствено во криминалот и лагите на Зоран Заев кои што носат загуби на Македонија и на македонскиот народ, дециден е Стоилковски.

Најнови вести