четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Иницијативата е во сoгласност со чл.24 од Законот за Референдум, Џафери нема основ да ја отфрли, прави правна гимнастика за бегство од народот

Стојаноска: Иницијативата е во сoгласност со чл.24 од Законот за Референдум, Џафери нема основ да ја отфрли, прави правна гимнастика за бегство од народот

Талат Џафери во минатото имал многу улоги, а денес противправно си ја додаде и улогата на Уставен судија. Толкување на Устав е работа единствено на Уставниот суд, обвинува Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

-Прво, прават правни гимнастики, за да избегнат народ и неговиот став за Договорот. Второ, бегаат од соочување со народ, затоа што се свесни за две работи. Првата: знаат дека ќе има излезност, втората: знаат дека народот е против договорот кој е извор на асимилацијата која СДС и Ковачевски ја спроведуваат. Трето, Талат, наместо чувар на Уставот, стана шампион во кршење на Уставот. Неме друг случај во светот, каде претседател на Собрание толкува Устав, затоа што тоа е единствено во надлежност на Уставниот суд, истакна таа.

Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со чл.24 од Законот за Референдум, и не е во спротивност со Уставот. Чл.24 од Законот за Референдум овозможува да се прави Референдум и за меѓународни договори.

-Четврто, ВМРО-ДПМНЕ има референдумско прашање со кое не ја менува содржината на Договорот, туку го спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки. Петто, антимакедонската СДС бега од македонскиот народ и останатите граѓани кои се против коалицијата СДС-ДУИ и не ја заслужуваат нивната доверба. Се плашат и бегаат од избори, се плашат и бегаат од Референдум, но нема да избегаат од следниот изборен пораз, после кој следи одговорност пред законите и пред Уставот. Ова само дополнително ќе ги заостри односите во Собранието и ќе ги зголеми поделбите. За сето ова единствено одговорна ќе биде власта, посочи Стојаноска.

Најнови вести