четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Административците нема да добијат повисоки плати заради интересот на СДСМ да имаат буџет кој ќе го делат за тендери во 4 очи

Стојаноски: Административците нема да добијат повисоки плати заради интересот на СДСМ да имаат буџет кој ќе го делат за тендери во 4 очи

Административците нема да добијат повисоки плати, синдикатите се излажани и покрај тоа што имаме буџет од 5,3 милијарди евра кој власта ќе си го подели меѓу себе и ќе си делат тендери во 4 очи, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, кој потенцираше дека власта најде начин да ги одбие амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои беа предлог на синдикатите за повисоки плати согласно инфлацијата и минималната плата.

– Пред отприлика 10 дена со гласовите на опозицијата, 6 за, и нула против и воздржани се изгласа амандман кој беше предлог на ССМ за покачување на платите на административците за 15% согласност инфлацијата во државата и порастот на минималната плата. Потоа согласно деловник треба да заседава Законодавно правната комисија каде што овој предлог падна со 8 спрема 6, и административците нема да добијат покачување заради интересот на СДСМ само за да имаат буџет во кој ќе вклучуваат договори во 4 очи, рече Стојаноски.

Тој истакна дека 5,3 милијарди евра ќе потрошат за наредни 12 месеци, ќе си ги поделат меѓу себе, но за работниците имаше два амандмани кои ги одбија.

– Власта брутално ги лаже синдикалците и одбива да им обезбеди средства кои им следуваат при висока инфлација, поскапени цени на производи и поскапа струја, нагласи тој.

Во врска со американскиот тим за борба против корупција кој го најави американската амбасадорка, Стојаноски истакна дека добро ќе биде да се видат резултатите од неговата работа затоа што секојдневно се вадат афери на власта, но исто така ова значи катастрофа за државата.

– Тоа значи катастрофа и дека подолу од ова не може. ВО 30 години не дошло до ова ниво. Ние сме единствена држава во Европа каде што дошло да има ваква асистенција. Тоа што го кажа амбасадорката е голем срам за Македонија. Имаме судство со 8% доверба, го имаме случајот со Абази, Дамева, началник на полиција вмешан во шверц, а во власта ги имаме истите луѓе. Овие кои се во влада треба да се замислат, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека имаме држава во која корупцијата царува и е влезена во секоја порано, една работа не може да се заврши доколку не се поткупи некој од водечките луѓе.

Најнови вести