Денес сме во населеното место Даме Груев, едно од поголемите населени места во општината Ѓорче Петров, каде што сликата како и во другите населени места за жал не е поинаква, вели Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска се три години од кога СДСМ е на власт, од кога ја има централната власт, а набрзо ќе се навршат и три години од кога ја имаат и локалната власт, а Даме Груев како една од најголемите населби нема добиено ниту еден единствен проект, дециден е Стојаноски.
Ниту од локалната, ниту од централната власт. Граѓаните тука се заборавени, граѓаните тука немаат видено никаков бенефит и навистина сакаат промена. Сакаат решение на нивните проблеми, сакаат да живеат во една постабилна и побогата држава, а ВМРО-ДПМНЕ ги има решенијата на тие нивни прашања. Набрзо во Република Македонија доаѓа обновата каде што ќе се работи многу повеќе, каде што проблемите ќе се решаваат многу побрзо, заради тоа што граѓаните на Даме Груев, а пред се граѓаните на Ѓорче Петров тоа го заслужуваат, вели Стојаноски.