петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Доколку се донесеше законот за ЕБОР во Собрание тоа ќе значеше затворање на ТЕ Осломеј и ТЕ Битола

Стојаноски: Доколку се донесеше законот за ЕБОР во Собрание тоа ќе значеше затворање на ТЕ Осломеј и ТЕ Битола

Во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24, гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тој истакна дека доколку законот за ЕБОР се донесеше тогаш ќе се дективираат постоечките ТЕ Осломеј и ТЕ Битола.

„Од аспект за заемот за ЕБОР во последниот дел се укажува дека ќе се деактивира постоечката ТЕ на јаглен Осломеј до 31.12.2023 година и ТЕ Битола до 31.12.2027 година. Ако Собранието го изгласаше вака предложениот текст , тогаш обврските ќе беа превземени и ќе мораше ова да го затвориме“, рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека во ТЕ Осломеј владата не прави откривка на јаглен.

„Во ТЕ Осломеј, таму никогаш не се работело заради тоа што актуелната влада не прави откривка на јаглен. Прво треба да се направи откривка и некој да седне да го испланира и да им плати налози на луѓето за тие да почнат да работат откривка за да обезбедат доволна количина јаглен за таа централа да работи“, изјави Стојаноски.

Тој истакна дека поради тоа што таа централа не работи, ние сме во вакви проблеми со енергетиката заради тоа што не произведуваме доволно електрична енергија колку што е вкупниот конзум.

Најнови вести