петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Ние се обврзуваме дека во Ѓорче Петров нема веќе да имаме диви депонии кои никнуваат на секој чекор

Стојаноски: Ние се обврзуваме дека во Ѓорче Петров нема веќе да имаме диви депонии кои никнуваат на секој чекор

Кандидатот за пратеник во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на својата фејсбук страница сподели видео обраќање и напиша:

Во Проектот за Обнова на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ помеѓу клучните приоритети ги има вклучено заштата на животната средина како и чистиот воздух.

Тие се приоритети коишто треба да го гарантираат пријатното живеење на нашите сограѓани.

Дали преку засилен инспекциски надзор, поприсутен од сегашниот, или преку проекти преку кои ќе се гарантира дека отпадот контролирано ќе се управува и одлага, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заштити животната средина и ќе го намали загадувањето на воздухот во еден мандат за близу 50%.

Знаеме дека тоа е еден од клучните проблеми во секојдневното живеење од изминатите години и тоа мора да го смениме.

Ние се обврзуваме дека во Ѓорче Петров нема веќе да имаме диви депонии кои никнуваат на секој чекор.

Дали била таа во Ново Село, таа на почетокот на Волково, дали е оваа позади мене која прераснува во доволно голема за да ја загрози новоселската, тоа веќе нема да е секојдневен случај.

Ние сакаме да им овозможиме на нашите сограѓани повисок стандард, повисоки плати, но и квалитетна животна средина која ќе им гарантира дека нивното здравје ќе биде заштитено и ќе живеат во средина која ќе биде чиста и уредна. Дека нема да живеат во депонии, во општини и градови кои се број еден во сите рангирања на загаденост во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи животната средина да е една од подобрите во регионот.

Во продолжение може да го проследите видеото.

Најнови вести