вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Нов објект за СУГС „Кочо Рацин“ наместо панични реакции пред избори

Стојаноски: Нов објект за СУГС „Кочо Рацин“ наместо панични реакции пред избори

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски и Тимчо Муцунски на 23-ти мај имаа средба со образовни работници во Ѓорче Петров и ветија дека ќе поднесат амандман за обезбедување на средства во буџетот за изградба на комплетно нов објект на СУГС “Кочо Рацин”.

-Само со комплетно нов објект ќе се реши трајно проблемот со ова средно училиште кое е во срцето на Ѓорче Петров. Има готов проект за изградба на нов објект кој е во град Скопје, се што треба е мнозинството да го прифати амандманот, да ги одобри средствата и веднаш да почне со изградба.Со најавената реконструкција на училиштето ќе остане челичната конструкција и “сендвич”лимовите од надвор, а панелите ќе останат. Наместо панични реакции пред избори, кога четири години ги отспавте, покажете доблест за долгорочно да го решиме овој проблем, истакнува Стојаноски.

„Ќе се потрошат пари на амортизиран објект кој нема да ги даде очекуваните резултати. Комплетно нов објект од темел, со силна стимулација за сите ученици кои ќе учат внатре“ – истакна тој.

Најнови вести