сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара јавна дебата во врска со законот за државјанство, за да се решат спорни амандмани

Стојаноски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара јавна дебата во врска со законот за државјанство, за да се решат спорни амандмани

На онаа заедничка прес конференција која што ја држеше Зоран Заев заедно со претставниците на овие две партии укажа дека и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како најголема пратеничка група во Собранието со 44 пратеници ќе бидеме консултирани за овие предлог амандмани. Морам да кажам дека до заклучно со овој момент ние не сме консултирани за тие амандмани. И сега ние треба да расправаме за нешто за кое што и Владата даде негативно мислење и изричито му препорача на Собранието во ваква форма да не го носи законот. Ние треба да разговараме за нешто за кое што претседателот на Комисијата за одбрана рече дека овој закон е толку лош и дека не може да се интервенира амандмански туку треба да се поднесе ново предлог законско решение. Ние имаме свои амандмани, ние имаме амандмани кои што треба да го подобрат ова законско решение, а вака предложените амандмани сметам дека треба да бидат ставени во една јавна опсервација, за да се организира една јавна расправа каде што заедно со институциите и експертите од оваа област ќе можеме да извлечеме заклучоци кои што потоа заеднички ќе ги преточиме во амандмани и консензуално ќе ги донесеме, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“ говорејќи за законот за државјанство.

Стојаноски додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара јавна расправа по членот 145 од Деловникот за работа на Собранието, но парламентарното мнозинство укажа на некој начин дека не може да се организира јавна расправа.

-Но, сепак ние дадовме и нов предлог, членот 122 став 2 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија укажува дека може да се повикаат гости односно официјални лица од институции, министерства, невладини организации, па еве ние денеска повторно ќе го побараме тоа за да дојдат овие луѓе, конкретно министерот за внатрешни работи и министерот за правда и да ни објаснат за неколку спорни амандмани, нагласи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека согласно членот 7 ставовите 5 и 8 се бришат, кои што укажуваат на тоа за да некој добие македонско државјанство едноставно со овие предлог амандмани ќе се анулира можноста тоа лице да биде безбедносно подобно кое што е спротивно на членот 28 од Уставот и членовите 11 и 12 каде што гарантираат дека секој граѓанин на Република Македонија има право на одбрана и на физички интегритет.

-Се брише и можноста да секој оној кој што ќе треба да добие македонско државјанство треба да полага заклетва. Понатаму се додава и една можност во старото законско решение односно актуелново укажува дека секој оној кој што сака да добие македонско државјанство треба да го познава македонскиот јазик до степен да може лесно да се снајде во околината, но овој пат се додава македонскиот јазик и другите службени јазици на територијата на Република Македонија, рече Стојаноски.

Најнови вести