недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Ребалансот не буџетот нема да даде одговор на прашањата во македонската фискална сфера

Стојаноски: Ребалансот не буџетот нема да даде одговор на прашањата во македонската фискална сфера

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска комисија за финансирање на буџет рече дека лично тој смета дека вака концепираниот ребаланс на буџетот нема да ги даде одговорите на сите отворени прашања кои што ги има македонското општество особено македонската фискална сфера.

-Рековме дека за првите шест месеци од оваа година сме се задолжиле една милијарда, каде и дали помогна тоа ќе цени народот, а тоа ние можеме да го видиме преку мерливите критериуми кои што излегуваат секој ден преку бројот на лица кои што се невработени и на кој начин галопирачки расте сиромаштијата во Република Македонија. Имаме зголемување на јавниот долг за 10.4% за една година, а растот на јавниот долг во времето од 2006 до 2016 година каде што имавме две големи светски и европски должнички кризи и една државна силна политичка криза порасна само 15.6% односно за десет години 15.6%, а за една година 10%. СДСМ во овие години имаше 4 министри за финансии почнувајќи од професорот кој сега е иселен и оние негови идеи за прогресивни даноци па потоа враќање назад некои чудни економски политики каде што не беа сфатени ниту прифатени од ниту еден чинител во стопанството. Понатаму едно време Зоран Заев ќе ни држеше лекции како ќе се подобрела економијата и морам да признаам дека навистина ни одржа лекција и ова е лекцијата која што тој човек најдобро знае да ја направи, економски пропаст и амбис. Потоа ја имавме Нина Ангеловска и на крај е тоа што сега е актуелно, а тоа е министерот Бесими кој што при првата недела од неговиот мандат „не израдува“ со бројката дека 920 милиони евра сме во дефицит, истакна пратеникот Стојаноски.

Тој додаде дека од 1993 навака Република Македонија сега има најголем дефицит и веројатно тоа е оној одблесок кој што се најавуваше од страна на СДСМ.

 

Најнови вести