понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: СДСМ и Заев подготвуваат фингиран и фалсификат попис

Стојаноски: СДСМ и Заев подготвуваат фингиран и фалсификат попис

Во синоќешното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостуваше пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој се осврна на моментални актуелни политички случувања, пописот кој се предвидува да се реализира во наредните месеци, како и на лошите владини политики кои се забележуваат во секојдневнието на граѓаните на Република Македонија.

Според Стојаноски, пописот дефинитивно мора да биде единствено статистичка операција, а не политичка. Повеќе од јасно е дека СДСМ го припрема теренот за фалсификуван попис, со цел да се додвори кај одредена категорија на граѓани од една етничка заедница, кај која најверојатно повторно ветувале брда и долини, додаде Стојаноски.

Законот кој СДСМ го предложи и изгласа како закон за попис е тотално недемократски и не доликува на земја која што е аспирант за влез во Европската унија. ВМРО-ДПМНЕ укажуваше на многу забелешки и аномалии при донесувањето на овој закон за попис, но СДСМ намерно ги игнорираше сите барања, бидејќи тие веќе го имаат шаблонот преку кој би го фалсификувале пописот и би ги наштелувале статистичките податоци такви какви што им одговара ним, односно на етничките заедници кои што веќе на големо се договараат со Заев за процентите, истана Стојаноски.

-Не е во ред на шверцерски начин да се донесуваат закони во Собранието кои што можат директно да се рефлектираат на животот на граѓаните. Не е во ред да фингирате попис само за да помогнете на одредена категорија на граѓани, туку пописот мора да биде статистичка операција врз која ќе се добијат релевантни податоци, за потоа врз тие податоци да се гради општеството. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ваков попис и ќе се бори со сите средства да го сопре, а веќе и отпочна иницијатива за собирање на потписи, преку која ќе го сопреме ова дивеење на СДСМ и коалицијата во Собранието, вели Стојаноски.

Законот за попис мора да биде ревидиран и надграден согласно забелешките на опозицијата, односно оние на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа не се барања од каприц, туку од реалната состојба која што е застапена во земјата. Згора на тоа, сега и албанските партии ги делат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, тоа укажува на фактот дека ВМРО-ДПМНЕ предлага навистина добар закон. По иницијативата и собраните потписи, власта ќе мора да ги спласне апетитите и да погледне реално на работите, односно новиот закон за попис да се темели врз забелешките кои што според ВМРО-ДПМНЕ ќе го подобрат пописот, заврши Стојаноски.

Најнови вести