недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Се обврзуваме на кадровско доекипирање и изградба на солидна здравствена инфраструктура

Стојаноски: Се обврзуваме на кадровско доекипирање и изградба на солидна здравствена инфраструктура

Кандидатот за пратеник во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на својата фејсбук страница објави видео обраќање од местото каде што требаше да биде изграден клинички центар.

-Ова позади мене требаше да биде клиничкиот центар којшто го најавуваа Заев, Филипче и Наумоски. Требаше да почне со изградба крајот на 2019тата година. Како што можете да видите како и се она што го вети СДСМ, така и со клиничкиот центар, најголемата гринфилд инвестиција во државата, нема ништо. Има само една ливада и празни ветувања кој што граѓаните ги воочија и коишто ќе ги казнат на 15ти јули, вели тој во видеото.

Целото видео може да го проследите во продолжение.

 

Најнови вести