среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи закон за клинички центар образложен со 9 члена на две страни, а со кој ќе се ограби македонскиот народ за 500 милиони евра

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи закон за клинички центар образложен со 9 члена на две страни, а со кој ќе се ограби македонскиот народ за 500 милиони евра

Нема ниту една сфера во општеството во кое што не доживуваме пораз, граѓаните секој ден се соочени со катастрофалните политики на таа Влада. Ајде да разговараме за овие конкретни работи, повика Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Стојаноски додаде дека кочницата е кај владејачкото мнозинство за донесување на нови закони. На повеќе од 22 дена пратениците не можеа да се соберат за да се свика седница во Собранието. Опозицијата според Деловникот нема никаква обврска да обезбедува кворум. ВМРО-ДПМНЕ на неколку пати има потенцирано дека сите закони кои што се за доброто на граѓаните, пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ веднаш ќе ги изгласа.

– Новиот клинички центар вака како што е концепиран е само во интерес на Зоран Заев. Заради тоа што е многу несериозно вие да поднесете предлог закон до Собранието од 9 члена и од две страни каде што сакате да го задолжите 500 милиони евра македонскиот народ, а притоа да суспендирате други четири закони односно да го овластите министерот за здравство да преговара по тој посебен закон. Таква зделка ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да поддржи. И еве чувствувам должност да одговорам за тој клинички центар заради тоа што сум и често повикувам од страна на опозициските пратеници заради тоа што сум од Ѓорче Петров, четири години го ветуваа дека ќе го почнат, четири години нема таму фрлено ниту една лопата или заковано една шајка. А, со ова докажуваат дека четири години само го лажеле народот, а немаат спремено ни техничка документација, истакна Стојаноски.

Стојаноски го повика владејачкото мнозинство сите закони со предзнак за КОВИД кризата да ги стави сите на маса и да ја повикаат пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ и се во интерес на граѓаните се ќе поддржи.

– Пред неколку дена со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ се изгласа законот продолжување на рокот за откуп на тутунот каде што им се продолжува рокот на откуп, а со тоа на луѓето им се помага и тоа им е директна помош. ВМРО-ДПМНЕ присуствуваше на седницата, направи кворум, и со нашите гласови тој закон помина. И повторно само заради тоа што немаше присутни пратеници од владејачкото мнозинство, појасни Стојаноски.

Најнови вести