Како што знаете денес ја заокружуваме онаа тура од средби со помалите пратенички групи во Собранието на Република Македонија и предмалку само што заврши средбата со координаторите на Пратеничката група на Алијанса со кои секако разговаравме за прашањето за Изборниот законик, истакна Дафина Стојановска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Можам од оваа средба да ве известам дека повтоторно како што беше заеднички содржател од сите изминати средби во оваа недела, а тоа дека и Алијанса се согласува дека Изборниот законик треба конечно да влезе во процедура, сите сме за јавна расправа со Собранието по однос на ова прашање на која ќе ги разгледаме сите поединечни ставови и барања по однос на тоа дали листите да се отворени, по однос на прагот итн. Значи останува заклучокот од сите изминати средби, мислам дека денес е направена последната и бараме овој предлог на закон конечно да влезе во процедура и за тоа го повикуваме претседателот Талат Џафери, истакна таа.