Денеска, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски оствари средба со жители на Ѓорче Петров кои живеат во околината на Дексион.
– Дексион заслужува повеќе! На Ѓорче му треба нов хуман, модерен и урбан концепт. Заедно со мојот тим и во партнерството со граѓаните ќе ја смениме сликата на Дексион. Време е за работа ! Паркови, функционални улици, содржини за рекреација, проекти за спорт ! За убаво Ѓорче Петров, напиша тој во Фејсбук објава.