Граѓанската иницијатива стоп за политичкиот прогон во република Македонија изразува длабоко разочарување и незадоволство од одлуката на апелациониот суд во Скопје за одбивање на жалбите на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, стои во статус на Фејсбук страната на граѓанската иницијатива „Стоп за политичкиот прогон“.
-Политичкиот прогон во република Македонија продолжува. Политички монтираните притвори остануваат на сила.
Денес по којзнае кој пат, судството ја пропушти шансата да се издигне над политичките игри и да суди во согласност на закон! кога неправдата станува закон, отпорот е наша должност!, потенцираат во нивниот ФБ статус.