недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Студентите од „Кузман“ револтирани: Добиле леб мувлосан и со поминат рок

Студентите од „Кузман“ револтирани: Добиле леб мувлосан и со поминат рок

„Внимавајте што јадете“. Оваа парола денес кружеше во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ откако на студентите кои се во истиот им бил даден за јадење леб со поминат рок.

На социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа дека лебот е мувлосан и со изминат рок.

Студентите револтираат коментираат дека веќе еден месец речиси секојдневно јадење е пире, а се прашуваат и како може домот да прима роба со поминат рок и истата да им ја дава на нив.

Дрскоска на вработените во студентскиот дом одела дотаму, што откако студентите им посочиле на вработените дека лебот е мувлосан, тие дрско и безобразно им се обратиле да не го јадат ако гледаат дека е таков, да си земеле нов и да молчеле.

Секојдневните нечовечки постапки кон студентите само го зголемува нивниот револт и тие остануваат на ставот дека одговорност за ваквите работи мора да има, се бара и оставка од директорот на студентскиот центар Дарко Николовски.

Имено, како што посочуваат на социјалните мрежи револтираните студенти, ваква е сликата кога во моментот има околу 50-тина студенти во домот, па се прашуваат што ли ќе јадат кога капацитетот на овој објект ќе биде целосно исполнет, односно 400 лица.

Најнови вести