четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судир на интереси и непотизам- Директорката на Хематологија, Ирена Пановска, набавува лекови од веледрогеријата на таткото

Судир на интереси и непотизам- Директорката на Хематологија, Ирена Пановска, набавува лекови од веледрогеријата на таткото

Непотизмот и судирот на интереси станаа заштитен знак на власта предводена од СДСМ. Клиниката за хематологија, каде директор е Ирена Пановска Ставридис со потпис, на Пановска склучила договор за 4 милионска набавка на лекови, тестови и апарати од веледрогеријата на својот татко, Златко Пановски  –  Др. Пановски.

Имено Клиниката за хематологија, преку Ирена Пановска, на 31 октомври, 2017 година склучила договор за јавна набавка на на реагенси, лабараторски апарати и тестови во вредност од над 4 милиони и 200 илјади денари, односно над 80 илјади евра за договор за набавка, од веледрогеријата Др.Пановски, во сопственост на Никола Пановски.

Законот е многу строг кога станува збор за склучување на договори помеѓу државата и приватен субјект, а кои можат да бидат предмет на судир на интереси. Имено според член 7 од Законот за спречување на судир на интереси, доколку  постои сомневање за постоење на судир на интереси службеното лице е должно да побара мислење од ДКСК. Дополнително став 3 од истиот член вели дека при  можност за постоење на судир на интереси, службеното лице е должно да  ги преземе сите неопходни мерки  за спречување на приватниот интерес.

За роднинските врски помеѓу директорите на скопските клиники и сопствениците на веледрогерии и можниот судир на интереси предупреди и опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку изјава пред Хематологија уште во август минатата година.

Именувањето за директори на здравствените установи, кои се во роднински врски со сопственици на веледрогериите е потенцијален ризик за криминал и фрла сомнеж за можна корупција во текот на директорувањето, истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ , при партиска изјава пред Клиниката за хематологија.

Од ВМРО-ДПМНЕ исто така предупредија дека со именувањето на Пановска за директор на клиниката за хематологија, се отвара можност истата да влијае на својата клиника или во други клиники во процесот на јавни набавки, фаворизирајќи ја веледрогеријата на татко и, создавајќи нелојална конкуренција на пазарот на веледрогерии.

Најнови вести