Остана нејасно што побараа судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани од Никола Груевски.
Тие му закажаа рочиште на Груевски за случајот ТНТ за 15-ти февруари, четврток, и му кажаа дека во понеделник, вторник и среда може да доаѓа во судот и да ги преслушува снимките, за кои пред две недели донесоа одлука да ги врачат на обвинетите и одбраната, а потоа си ја поништија сопствената одлука без правно образложение, пред очите на целата јавност.
Јасно е дека судиите тоа го прават од политички причини, но не му одговорија на Груевски како и кога да ги преслушува снимките, кога во понеделник, вторник и среда треба да е на рочишта по цел ден.
Одбија да го поместат денот на следното судење, ниту пак кажаа како Груевски да се клонира и да е на две места истовремено.
Овој циркус во судот се одвива во време кога власта го менува името и идентитетот на Македонците и потребно и е дефокусирање од таа тема и јавноста да се занимава со судењата против ВМРО-ДПМНЕ, кои во секој нормален судски систем, не би влегле воопшто во судска процедура заради немање на никави издржани докази.