вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судската фарса продолжува: Рочиштата против Заев се одложуваат со месеци, за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ експресно се процесуираат

Кој дал насока предметите против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да се судат итно на сметка на сите останати предмети? Зошто и кој дава такви налози? Зошто и кој врши притисок на судиите? Зошто овие рочишта се ставени на „брза лента“ и имаат приоритет пред други судења кои се одамна закажани?
Судската фарса продолжува: Рочиштата против Заев се одложуваат со месеци, за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ експресно се процесуираат

Судството во Република Македонија е под голем притисок на власта, додека рочиштата на Заев се одолговлекуваат, предметите против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ експресно се процесиураат.

Не поминува ден, а поранешните челници на таа партија да не се соочуваат на суд со конструираните обвиненија од страна на СЈО.

Судијата во предметот за протестите пред општина Центар во 2013-та година,  вчера јавно пред полна сала од преку 60 луѓе кажа дека овие предмети од СЈО против ВМРО-ДПМНЕ им е кажано да бидат приоритет.

Ова се случи од кога еден адвокат на оштетените кажа дека на датумот на кој судијата закажа  ново рочиште веќе претходно има закажано друго рочиште во друг предмет со истиот судија и адвокат. На ова судијата одговори дека ќе ги одлага како што кажа „Редовните предмети“ за да ги заврши брзо предметите од СЈО.

Ако сите предмети се редовни, какви се овие на СЈО? Вонредни и итни? Зошто? Не се ниту притворски, ниту пред застарување.

Кој дал насока предметите против функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да се судат итно на сметка на сите останати предмети? Зошто и кој дава такви налози? Зошто и кој врши притисок на судиите? Зошто овие рочишта се ставени на „брза лента“ и имаат приоритет пред други судења кои се одамна закажани?

Ова јасно покажува дека станува збор за судско политички прогон кон ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Според експертите, некој врши притисок за што побрзо се осудат луѓето од ВМРО-ДПМНЕ. Нема правда во судот бидејќи е под силен политички притисок, за што веќе судиите почнаа јавно и гласно да говорат пред полна сала на новинари, политичари, адвокати и други граѓани. Како што беше на случајот за протестите пред општина Центар.

Од кого толку се исплашени и притиснати судиите за да мораат вака да бидат понижени и јавно да кажуваат дека имаат политички притисок?

Истите тие судии се истовремено под притиснати на Заев да му закажуваат рочишта на месец и пол до два и притоа секогаш да ги одложуваат.

Гледајќи ја моменталната ситуација,  се доаѓа до заклучок дека не постојат реформи во судството кои ќе го решат политичкиот притисок. Ниту еден од законите не може да се справи со менталниот склоп на судиите, со нивните стравови, со нивниот интегритет, со послушноста кон моќниците и власта, со недостатокот на чувство за правичност. Попусти се и апелите на меѓународната заедница за реформи во судството кога сето ова се случува пред нивните очи, без нивна реакција, што укажува дека на некој начин ова го поздравуваат и стимулираат истите тие кои бараат подобро и реформирано судство.

Најнови вести