Ти си бре најдолниот национален предавник кој чекорел по ова парче земја! Дај си оставка веднаш после она шти ни го приреди денес со интервјуто, пишува на Фејсбук Сашо Тасевски.
-Во нормална држава после такви изјави веднаш ќе беше приведен и сослушан во полиција. Глупак еден. Имаш ли грам мозок во таа црпката? Во чие име зборуваш, квислинг еден? Треба да се срамиш од себе. Од децата твои. Ги жигоса за цел живот. Еј го слушам дркаџијата по седми пат како лупета и не можам да дојдам на себе, како е можно да постои таков куртон. Странците одлично знаеле кого седнале во скут.
Ах тој 27 април. Како не го….., стои во објавата на Тасевски.
Тој ги повикува СДСМ итно да го сменат Заев од претседателската позиција во партијата, а доколку не сака да замине да излезат на улица.
-А бе СДСМовци, што ќутите, исфрлете ја на клоци официјалната и најелитната будала од вашите редови. Сменете го итно. Ако не сака да си оди, излезете на улица ќе ви се приклучиме. Мора да замине. Регионов и светов се потсмеваат со него. А се потсмеваат и со нас поради него. Дури и бугарскиот новинар вчера го гледаше ко теле. Не му беше јасно дали е луд или дрогиран. Човекот помисли дека нашиве донеле негов двојник од Бардовци за да се заебаваат со него и Бугарите. Борат не може онакво интервју да даде. Треба стварно да си луд и екстремно глуп за она јавно да го кажеш, истакнува Тасевски.