Татко веќе повеќе од 15 часа е во потрага по својот син Седат Реџепи, кој вчера бил во автобусот кој што излета од патот и се преврте, пренесе ТВ21.
Таткото на Седат бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација.
Тој вели дека син му не е на имињата меѓу загинатите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.
Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.
Извор: Телевизија 21