понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тевдовски очекува да продолжи добрата соработка со новиот гувернер на НБРМ

Тевдовски очекува да продолжи добрата соработка со новиот гувернер на НБРМ

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Тевдовски, како што соопшти Министерството за финансии, ја честиташе функцијата на Ангеловска-Бежоска и рече дека и во наредниот период очекува добрата соработка помеѓу Министерството за финансии и Народната банка да продолжи.

На средбата беа констатирани солидната макроекономска позиција и стабилноста на финансискиот систем. Исто така, е заклучено дека добрата координацијата на фискалната и монетарната политика, во насока на остварување на макроекономските цели, ќе продолжи и во иднина.

Најнови вести