Препораката за членство во ЕУ виси, поради начинот на кој е донесен Законот за јазиците, изјави за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
Според него, може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради начинот на кој вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието.
– Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека немало минимум консензус за процедура за усвојување закон и нема цивилизациска дискусија за теми од интерес на граѓаните. Не е мое да судам, но глетката што ја видовме беше сѐ само не глетка од еден парламент на европска држава – изјави Тимоние.