понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски: Лагите на Заев и Костадинов се лош појас за спасување кога бродот им тоне, нив криминалот им е професија од која се богатат

Тошковски: Лагите на Заев и Костадинов се лош појас за спасување кога бродот им тоне, нив криминалот им е професија од која се богатат

Уплашени се, а стравот е последица на тоа што се свестија дека ќе одговараат и правдата нема да ги одмине. Ова се последните недели кога нема да престанат да лажат, да клеветат, да измислуваат, зошто мислат дека така Заев ќе се спаси. А тој всушност е најтешкиот камен околу вратот на СДСМ, и во таа нивна битка за спасување ќе повлечат и многу јастреби, како што е Костадин Костадинов кој и денес исто како и Заев вчера, го пуштија да клевети и шири невистини.

Ова го истакнува адвокатот Панче Тошковски во своето соопштение.

-И кога сме кај тоа, целосно се неточни, измислени и манипулативни изнесените тврдења на Костадинов и Заев за мене. Различни сме. Мене адвокатурата ми е професија од која егзистирам, а вам криминалот ви е професија од која се богатите на грбот на чесните граѓани. Вистината е дека се работи за склучени потполно два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Впрочем тоа е договорот по кој работев како адвокат до пред 6 месеци, длабоко во мандатот кога Заев е премиер. Сигурен сум дека ако имало барем тронка неправилност, тронка нарушување на процедурите, СДСМ со нејзините алатки во правосудството немаше да жали средства да направи прогон и за овој случај, a и нема да ме чуди направат монтажа како што тоа го прават редовно и често, но залудно. Доколку имаат некакви забелешки следниот пат го поканувам господинот Костадинов истите да ги адресира до неговиот шеф и доскорешен премиер Зоран Заев. Veritas vincit или вистината победува. А лагите се лош појас за спасување кога бродот ви тоне, истакна тој.

Најнови вести