Дваесет и двегодишно момче од Куманово е најмладиот меѓу денешните 37 починати од ковид-19.
Според кумановската болница, момчето три дена се лекувало таму откако дошло многу доцна, со веќе развиена масивна пневмонија, пренесува „Сакам да кажам“.
Пред 10-на дена било префрлено на Инфективната клиника во Скопје, каде и почина.
Момчето не било вакцинирано, но нема информации дали боледувало и од други хронични болести.