четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајанов контра Заев: Власта презентираше дека се трошат огромни ресурси за на крај да се испостави дека не е така, нема евиденција каде се потрошиле парите

Трајанов контра Заев: Власта презентираше дека се трошат огромни ресурси за на крај да се испостави дека не е така, нема евиденција каде се потрошиле парите

Коалицискиот партнер на СДСМ, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, во вечерашното интервју во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, коментирајќи ја веста дека Република Македонија нема да добие донација од Европската унија, рече дека власта во јавноста изминатиот период презентирала дека се трошат огромни ресурси за справување со КОВИД пандемијата, но по денешното објаснување од страна на власта дека потрошила само 7 ипол милиони евра за 4 месеци бидејќи е скромна држава според него е неприфатливо и несфатливо објаснување, додавајќи дека тоа е само дневно политичко објаснување колку да помине во јавноста.

-Имаше најава дека сите потреби во здравството се покривани, дека огромни средства се издвојуваат, дека се пренасочуваат буџетски средства, како и дека се во функција на заштита на здравјето на луѓето. Тоа значи дека амбулантите, клиниките се опремувата, дека се подготвуваат за полоша состојба и тоа подразбираше во јавноста дека се трошат огромни ресурси. Сега излезе дека 7 ипол милиона само биле потрошени за 4 месеци и за мене тоа е несфатливо, а објаснувањето е неприфатливо. Мислам дека тоа е дневно политичко објаснување само да помине, дека еве не добивме помош затоа што ние сме скромни и водиме сметка, вели Трајанов.

Според него, ова треба да се расчисти бидејќи овие донации од Европската унија се клучни за Македонија, додавајќи дека во наредните неколку дена Македонија ќе се задолжи за нови 700 милиони евра еврообврзница и 300 милиони евра домашно задолжување.

-Европската унија според некои параметри не’ прескокнала, не ни донираше средства така да мислам дека тоа треба да се расчисти бидејќи може и во иднина на истиот начин да бидеме прескокнати со донации кои што се битни и клучни затоа што Македонија само деновиве веќе ќе се задолжи околу 1 милијарда евра, 700 милиони евра обврзница, уште околу 300 милиони евра домашно задолжување, истакна тој.

Трајанов вели дека не е сигурен дека сето она што се презентира во јавноста е реално, односно како што рече тој нема увид и транспарентност во тоа колку буџетски пари се потрошиле.

-Од почетокот состојбата беше крајно хаотична, немаше обезбедено доволно заштитни средства, реагенси и се она што беше неопходно за превентивно дејствување. Во услови кога имавме само неколку инфицирани од коронавирусот се преземаа некакви мерки и јас повеќе мислам дека сето тоа што беше во почетокот повеќе беше медиумски презентирано дека се преземат не знам некакви активности, полициски час, карантин. Сето тоа во услови на исклучително мал број на инфицирани, претпоставка дека се трошеле ресурси, сега излегува дека се она што се набавувало дека било странска помош. Но, не сум сигурен во тоа што е презентирано дека е состојба на реални состојби во државата. Нема увид колку точно се потрошило. Тоа е проблемот. Нема точна евиденција, транспарентност каде се трошени парите, вели Трајанов.

Најнови вести