понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски до Шилегов: Спремен ли си после седницата да покажеш кои се ново изградените чешми во Град Скопје за кои сте платиле огромна сума на пари?

Трајановски до Шилегов: Спремен ли си после седницата да покажеш кои се ново изградените чешми во Град Скопје за кои сте платиле огромна сума на пари?

Советникот во советот на Град Скопје од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ Александар Трајановски на седница на советот за поставување на советнички го праша Петре Шилегов каде и кои чешми се ново изградени а се дебело платени од страна на Град Скопје на една фирма.

Најдов една интересна информација од системот за електронски јавни набавки каде што Градот Скопје континуирано врши набавка на одреден ставка која се повторува 2019, 2019,2020 и 2021 година. Станува збор за набавка која што не можам да ја најдам како реализација на терен, значи станува збор за набавка на чешми, нивно одржување, монтажа за пиење вода, името е Договор за набавка и монтажа на јавни чешми за пиење вода и нивно одржување.

Ако се земаат хронолошки како се поставувани јавните набавки повиците и склучувањата на договорите, ќе видиме дека се две транши од кои април месец за Град Скопје очигледно е месец за набавки на чешми. Во 2019 година се исплатени 2 милиони денари по основа на јавна набавка на едно правно лице токму за оваа ставка која што ја прочитав. Во 2020 година оваа ставка на исти ден, иронично што се случува на први април 2020 година се повторува и тоа два пати по 2 милиони денари и еднаш 700.000 денари. Значи тоа се четири милиони и седумстотини илјади денари или 76.500 евра. И во 2021 година истата набавка со истата ставка на 14 април 2021 година повторно сее повторува два пати по 2 милиона и 700.000 денари. Повторно четири милиони и седумстотини илјади денари. Ако отворивте на сервисот на јавни набавки оваа фирма ќе видете дека соработува исклучиво со Град Скопје во однос на набавка на оваа ставка која што ја спомнав, но и по однос на набавка на корпи за отпадоци и поставување на клупи, вели Трајановски.

Би сакал градоначалникот Шилегов да ми одговори за што точно станува збор и што всушност се одржува со овие огромни суми кои што секоја година Град Скопје ги исплаќа на оваа правно лице. Очигледно не станува збор за изградба бидејќи јас не можам да посведочам дека нова чешма за пиење вода е направена од страна на Градот Скопје. И доколку тоа не е така би сакал градоначалникот да ме поправи и нели доколку е во можност да излеземе на терен и истите да бидат посочени, вели Трајановски.

Второто прашање кое го постави Трајановски а за кое рече дека е доста симптоматично е во однос на набавка на корпи за отпадоци и контењери, од фирма која претходно вршела продажба на терапија за КОВИД 19, како и сервисирање на пумпи.

Моето второ прашање како што напомена веќе дека истата фирма исто така работи на опремување односно продава исклучиво корпи за отпадоци на Град Скопје. Така да ако прошетата низ јавните набавки има уште едно правно лице кое што соработува во многу повеќе сегменти и многу побогати набавки во однос на набавка на корпи за отпадоци. Односно тоа се оние познати корпи од 3.200 литри за кои што јас лично сметам дека се прескапи особено затоа што нивната цена изнесува 80.000 денари, се целосно нефункционални и многу лесно оштетливи, вели тој.

Она што е интересно е доколку го отворите ова правно лице кое се јавува како продавач на Град Скопје на овие контењери ќе видете дека истото правно лице се занимава со китење со новогодишни украси на територија на Град Скопје на неколку општини. Исто така тоа се општини кои што набавките ги имаат правено во одреден месец согласно периодот кога се врши украсувањето на главниот град и општините. Ова правно лице нема работено само во Град Скопје туку се проширува на територија на цела Македонија. Е сега ако дадете барање до Централен Регистар ќе видете дека ова правно лице има тројца вработени и континуирано од 2018, 2019,2020 година успева да опслужи 12 општини на ниво на Град Скопје, само во период од еден месец додека се украсуваат општините и Градот Скопје, додаде Трајановски.

Ова отвора сомнеж затоа што истото правно лице кое што продава контењери односно корпи за отпадоци наскоро ќе продава и полу подземни контењери на Градот Скопје, а во минатото се јавува како правно лице кое што продавало терапија за КОВИД 19, исто така сервиси пумпи и мотори, продава корпи за отпадоци истото правно лице врши украсување на територија на Македонија. Моето прашање е каде го најдовте, праша Трајановски.

Но, поради немање на одговор од страна на Шилегов, советникот Трајановски беше исклучен, па по повторното вклучување го праша Шилегов дали е спремен да покаже каде точно се изградени нови чешми.

Јас сум спремен уште после седницата и оваа бламажа што беше со гасење на зумот да излеземе на терен и точно да ми посочите кои чешми се ново изградени, порача советникот Трајановски.

Најнови вести