четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски: Како бе Петре да не те викаме дувни ветре?!

Трајановски: Како бе Петре да не те викаме дувни ветре?!

Советникот Александар Трајановски со прашања до градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение: 

„Прво прашање

Владата на РМ во 2019 година одвои 30 милиони денари за реконструкција на Универзална сала? Где су паре?

Второ прашање

Ако ништо не е одлучено за Универзална, зашто тогаш конкурс за идејно решение, тендериран на јавни набавки со награден фонд од 6000 евра?
– Идејното решение у фиока, а парите фрлени во вода во време на економска криза.

Трето Прашање

Како дозна кој го исекол дрвото пред Мавровка кое зафаќаше два квадрати, а не знаеш кој гради на 5000м2 вклучуваќи ги и двата квадрати каде што беше исечено дрвото?

Четврто прашање

Дали мислиш дека инвеститорот на дивоградбата во Мавровка чита весник, пошто читам само таму го барате?

Како да не те викаат Петре како дувне ветре, кога една дата за отворање или отпочнување со работа на проект кој Град Скопје го работи не погоди, да не речам излажа.

– Градска куќа, Лајка, Гасификација, Универзална… за дивоградбите знаеме, не си надлежен.

Сили им се на галиите и Ацета, што друго ти остана“-порача тој.

Најнови вести