Министерот за екологија не се бави со проблемите на граѓаните, Макрадули чека влез во НАТО за почист воздух, а Шилегов мисли како да им ги земе парите на граѓаните од џебот, ова денеска на прес-конференција го истакна советникот во град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски.
-Каде е планот за почист воздух, кој велеа дека го имаат и го ветуваа на граѓаните, состојбата со загаденоста на воздухот е алармантна и повеќе од загрижувачка, мерките кои ги презема градот Скопје се несуштински, недоволни и популистички, целокупниот план кој наводно тврдеа дека наводно го имаат претставува фијаско и замајување на јавноста, најдобар доказ е рекордното ниво на загаденост со што Скопје се здоби со првото место и стана најзагаден град во светот, потенцира Трајановски.