среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски: Власта потфрли во начинот, третманот и постапките во справување со пандемијата

Трајановски: Власта потфрли во начинот, третманот и постапките во справување со пандемијата

Во денешното свое гостување во емисија „Неделен Брифинг“ на Инфомакс поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека власта потфрлила во начинот постапките и третманот во справувањето со корона пандемијата и набавката на вакцини.

„Ги почитувам мерките кои што се препорачуваат меѓутоа ме загрижува тоа што власта многу малку или скоро ништо не прави во заштита на населението во многу сектори од аспект на заштитата индивидуалната институционалната здравствените организации начинот на лечење во нив откако ќе добијат симптоми луѓето па се до повикување згрижување до третманот мислам дека граѓаните во Македонија заслужуваат многу повеќе. Практично не заслужуваат ваква власт. и ваква организација на справување. Очигледно гледате по сите параметри ние сме последни во начинот во методите во постапките во она што се прави за граѓаните да се спасат или што помалку да имаме последици од оваа пандемија“ изјави Трајановски.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Трајановски истакна дека за приемот на вакцините од Србија власта направила помпезен настан за едно пакетче вакцини, и смета дека секој еден обичен граѓанин на Македонија се засрамил од таквата помпезност за приемот на овие вакцини.

„Еве гледате целиот овој циркус  што се прави ќе добиеме вакцини од Бугарија па тоа помина купија време да речеме, ќе добиеме од Србија па и тука купуваа време до недела дена па потоа настана една многу смешна ситуација и она приемот на вакцините толку помпезно за едно пакетче вакцини мислам дека секој обичен граѓанин на Македонија се засрами од таквата помпезност на приемот на овие вакцини. Тоа требаше да се дади само една  информација, ги примивме да се сликаат мислам дека помалку ќе се понижевме практично со ваквиот начин“ истакна Трајановски.

Коце Трајановски изјави благодарност до соседна Србија за донацијата на вакцини.

„Одговорите кои ги даваат зошто сеуште нема вакцини во Македонија ако ги исклучам овие симболични што ги добивме од Србија јас би сакал да изразам и благодарност до Србија кои што и симболичната бројка што ни ја даде значеше една порака до нас дека треба да се ангажираме дека треба да не бидеме затворени во некој стаклен лонец практично поклопени да не можеме да погледнеме надвор. Имаме преку 3 000 загубени животи, ова е многу лоша состојба затоа сметам дека секој од нас треба да внимава колку што може повеќе за да можеме да ја пребродиме оваа криза“  изјави Трајановски.

Најнови вести