Кривичниот совет го прифати барањето и поднесената гаранција од Зоран Милески-Кичеец за укинување на домашниот притвор одреден до правосилност на тригодишната затворска казна во случајот „Рекет”.
-Домашниот притвор е укинат од Кривичниот совет на наше барање со гаранција од недвижности, проценети над 13 милиони денари. Укинат е пред две недели, потврди адвокатот Александар Новаковски.
Милески на почетокот на судењето во случајот „Рекет” ја призна вината за делото – во кое се товареше за посредување и примање награда за договарање на средби меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев и беше осуден на казна затвор од три години.
Но, така одеднаш, среде епидемија од коронавирус, Кичеец добива укинување на куќниот притвор.
Ова ослободување многу потсетува на начинот кој Заев го објаснува во една од аудио бомбите кои беа објавени на Интернет, каде екс-премиерот зборува за Јово Вангеловски.
„Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена“.
И како што опиша самиот Заев, Кичеец “трас, трас-готово“ доби укинување на мерката куќен притвор.