петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трет ден без оставки по објавените четири скандали: Власта не знае за одговорност!

Трет ден без оставки по објавените четири скандали: Власта не знае за одговорност!

Трет ден откако изостанува чувството на морална одговорност кај премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски и генералниот секретар на владата Драги Рашковски по објавување на четири скандали поврзани токму со нив.

Но, не само моралната одговорност кај овие лица како високи функционери кои треба да се токму првите кои што ги почитуваат законите се со цел да создадат слика дека во Република Македонија владее правото, изостанува дури и конкретната законска одговорност што понатаму резултира со недоверба на граѓаните во институциите.

Па така, пред само три дена независните медиумите објавија четири скандали кои се поврзани со власта, а се однесуваат за битни прашања, од набавка на вакцини за КОВИД пандемијата, софтвер за сообраќајни прекршоци, скандалозниот нелегален увоз на странски тутун во време кога македонските тутунопроизводители се соочуваат со проблем на неоткупен тутун и нереално проценет, како и непрофесионалното однесување на министерот за здравство Венко Филипче на кој се гледа дека во операциона сала оперира или асистира без соодветна заштитна медицинска опрема, а со тоа го доведува во опасност здравјето на пациентот.

Одејќи по некој редослед, најпрво италијанскиот весник „Ла Верита“ објави информација дека владата на Заев се обидела да набави кинески вакцини од фармацевската компанија Синофарм преку фантом фирма од Хонг Конг, па по направените проверки од страна на кинеските власти утврдено е дека е можна измама па е одлучено авансот да се врати назад. Премиерот Заев изјави дека средствата  се вратени само поради усогласување на документацијата што според документите од Ла Верита се гледа е уште една ноторна лага.

 

Додека медиумите го пренесуваа овој голем скандал кој ја тресе Македонија во време на пандемија кога бројот на новоинфицирани и починати граѓани се зголемува, одредени медиуми блиски до владата на Заев и министерот за здравство Венко Филипче се доведоа до ситуација да го дискутираат кредибилитетот на весникот „Ла Верита“, па сакајќи да ја оправдат нивната неспособност да набават вакцини и да го заштитат населението пишуваа дека истиот е нискотиражен весник.

Но, никако не може да се оспори неговата веродостојност ако се земе во предвид дека истиот тој весник прв пишуваше за скандалот на поранешното Специјално јавно обвинителство, а за кој подоцна се испостави дека се што беше наведено беше точно, но и ако се пребара на интернет истиот весник е 8-ми во Италија со 30.000 примероци, што само дополнително потврдува дека веродостојноста и кредибилитетот на истиот не треба воопшто да бидат тема на дискусија.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и коментарите на познавачите од здравство, Владата одела преку фантом фирма бидејќи сакала да земе провизии, односно за набавка на 200.000 кинески вакцини требало да исплати 12 ипол милиони евра или по 60 евра за доза, укажувајќи дека за набавка на поголема количина цената на доза вакцина се намалува и до 30 евра, што само се воочува дека владата сакала заедно со вакцините да си обезбеди и провизија од истите.

Вториот скандал е поврзан токму со човекот кој треба да се бори со корупцијата Љупчо Николовски, кој очигледно пак наместо да се бори со корупцијата тој е вмешан во корупција. Имено, како што пишуваат медиумите двајца блиски луѓе на Николовски преку фирмата за транспорт „Студенац Шпед“ која е во сопственост на Димче Тројановски, кој е близок партнер на градоначалникот од СДСМ на Крива Паланка Борјанчо Мицевски уште минатата година увезиле пет шлепери на странски увоз.

Прекршувањето на законот е што истата фирма воопшто немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи. А се наметнува и прашањето како пет шлепери поминале на граничниот премин ако претходно немало логистика директно од врвот на власта.

За овој скандал, реагираше и опозицијата, на што Николовски се закани со тужба, останувајќи недостапен да одговори пред јавноста каква е неговата поврзаност со целиот случај.

Еден од најлошите работи кои можат да се случат на еден министер, а за кој ниту скапо платени ПИ-ар агенции не може народски кажано да го „исперат“ е она што му се случи на министерот за здравство Филипче, каде што јасно се гледа дека во време на пандемија кога се зголемува бројот на починати и новозаразени лица,  оперира пациент без притоа да носи заштитна медицинска опера, со што го доведува здравјето на пациентот во опасност.

Но, за ваквото скандалозно и непрофесионално пред се однесува од страна на министерот Филипче немаше никаква реакција од страна на така наречените невладини организации кои во едно друго време беа големи критичари на претходните власти, ниту пак беше побарано некаква одговорност од страна на неговиот шеф премиерот Заев, што придонесува дополнително за зголемување на револтот и гневот кај граѓаните, дека во државата единствено недопирливи се функционерите и партиските функционери на власта на СДСМ.

Четвртиот скандал во низата скандали за само еден ден е поврзан со поранешениот генерален секретар Драги Рашковски, или познат кај јавноста по изјавата „На народот му треба ќотек и кошкање да сфати каде му е местото“.

Имено, Рашковски како генерален секретар набавил софтвер за офтвер за сообраќајни прекршоци, за систем за автоматско генерирање на казни за сообраќајни прекршоци, којшто никогаш не стигнал во МВР. Како што наведуваат медиумите истиот бил набавен за Министерството за внатрешни работи кој пак според информациите никогаш и не користел, ниту имплементирал од страна на истото министерство.

Водејќи се од поговорката кој работи и греши, може и некако ќе се оправдаат грешките доколку се минимални, но со оглед дека власта скоро секој ден ја тресат криминални скандали за ова нема оправдување.

Но, загрижува и фактот што ниту премиерот Заев, ниту Николовски, ниту Филипче, ниту пак екс генералниот секретар Рашковски немаат чувство барем да признаат дека направиле грешка, а камо ли пак од морална одговорност да поднесат оставки од позициите.

Во една друга држава, во едно друго време, понормално, се разбира со почитување на вредностите, може и да очекуваме одговорност, но се додека владата на СДСМ најмалку што може е да се очекува било каква одговорност, а како една од причината за непостапување политичка одговорност може да се бараат и во ниското ниво на политичка култура која и тоа како изостанува во оваа владејачка гарнитура.

Најнови вести