Пуленот на Заев, Бранко Тричковски, повторно со морбидни пораки. Откако пред извесно време порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да умре, денес пишува да се самозапали.
Никој не му застанува на патот на овој човек, кој работи како гласноговорник на СДСМ и сее говор на омраза.
„Мицко ќе се запали поради блокадата
Во знак на протест поради блокадата на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, денеска ќе стапи во десетминутен штрајк со глад пред бугарската амбасада во Скопје. Ако во тие десет минути амбасадорот не ја крене рампата, Христијан ќе ја скрши и од неа ќе направи ломача на која ќе се самозапали. Во меѓувреме, мене ми порача пепелта да сме му ја расфрлиле над Македонија, од авион, а јас му реков: претседателе, зошто сиве овие процедури и маки, гладувања, огнови и пепели, па ние можеме да ве фрлиме од авион во едно парче, најаден и жив, со расширени раце и нозе да и појдете у загрљај на Македонија“ – пишува тој.