вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Трајане, Љупчо, Зоране додека вие ја пустошите државата, сè повеќе земјоделци ги оставаат нивите и се иселуваат од државата

Трипуновски: Трајане, Љупчо, Зоране додека вие ја пустошите државата, сè повеќе земјоделци ги оставаат нивите и се иселуваат од државата

Криминалците и СДСМ се две различни лица на една иста паричка. Зоран Заев и Љупчо Николовски ги ставаат криминалците кои ги ограбуваат земјоделците да управуваат со земјоделската политика во државата, обвинува Цветан Трипуновски-член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кире Неделковски наместо во притвор за проневера тешка 300.000 евра, пари украдени од тутунарите, Заев и  Николовски го поставија на функција. Додека земјоделците со скинати патики газат  по нивите на жешкото сонце, Кире Неделковски кој украде скоро 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители е поставен за член на УО на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. Не му се доволни 300.000  евра, па сега  зема уште 10.000 денари месечно од граѓаните на Македонија, истакна тој.

Трипуновски покажа пред јавноста документ потпишан лично од Зоран Заев за поставувањето на Кире Неделковски на позицијата член на УО на агенцијата која треба да го поттикнува и унапредува  земјоделието во Република Македонија.

 

-Наместо стручњаци и лица кои си ја познаваат проблематиката Зоран Заев и Љупчо Николовски на позиции поставуваат луѓе чија единствена квалификација е тоа што успеале да ги украдат земјоделците и да го оштетат напатениот народ на Македонија. Трајан, Љупчо и Зоран ова е причината поради која земјоделците излегуваат на протести. Ви се обраќам на тројцата затоа што Трајан е ваш пулен кој што е исплашен па мора да го брани Љупчо Николовски, кој до сега е најнеуспешниот министер за земјоделие во Република Македонија. Трајане, Љупчо, Зоране на земјоделците им е преку глава од вашите криминали и криминалци. Додека вие ја пустошите државата се повеќе земјоделци ги оставаат нивите и се иселуваат од државата. Време е да си заминете. Земјоделците ќе ве казнат  за сите погубни политики кои што ги водевте  во изминативе три години. На СДСМ му се гледа крајот, време е за обнова на Република Македонија, порача тој.

Најнови вести