петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: И покрај дождот вчера имаше три пожари на отворено – сите се изгаснати

ЦУК: И покрај дождот вчера имаше три пожари на отворено – сите се изгаснати

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на три пожари на отворено во последното деноноќие и сите се изгаснати.

Влажното време, како што велат од ЦУК, придонело тие пожари повторно да не бидат активирани заради ветерот во тие планински предели.

Пожарите на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, деградирана шума, а и мешана и борова шума, биле во Општина Македонски Брод, над с.Белица, во месноста „Аргулица“ каде што горела ретка борова шума борова шума на тешко пристапен висок терен под Солунска Глава, според информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод, обилните врнежи во текот на изминатото деноноќие придонеле тој да е локализиран, а и изгаснат, покрај тоа што во тој планински предел што е тешко пристапен и метеоролошките прилики високо во планината не дозволувале добра видливост.

Од ЦУК информираат дека пожар на отворено имало и во Општина Лозово, кај с.Милино, горела борова шума, шри што пожарникарите имале интервенција со шест пожарникари и едно ПП возило. Со пожарот била зафатена борова шума на површина од три декари. И во Општина Зрновци, во атарот на с.Видовиште горела ниска вегетација и стрниште, при што пожарникарите од ТППЕ Кочани имале интервенција кај месноста „Мало Ритче“. Во гаснењето на пожарот интервенирале два пожарникара со едно ПП возило, а е опожарена површина од околу пет хектари.

-И покрај дождот во нашата држава, пожарникарите имаа повторно ангажман за гаснење три пожари на отворено и сите се изгаснати, благодарение на навременото реагирање, а и брзото пријавување на ваквите итни случаи на 112 во ЦУК, во интерес на зачувување на природните богатства, во конкретниот случај на шумите, а секако и на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во државата. Неодминливо е да се посочи дека, како ЦУК, согледуваме дека во овој процес за навремена реакција при пожарите на отворено, доведе во многу нешто и подигањето на општествената свест во јавноста од страна на медиумите, информираат од ЦУК.

Медиумите, како што е додаваат од ЦУК, постојано укажуваа и ги елаборираа темите за потреба од брза реакција при вакви и слични случаи важни за колективната, а и индивидуалната безбедност на граѓаните, во текот на целата година, а не само во периоди додека елементарните непогоди се случуваат.

ОД ЦУК апелираат итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на 112 во ЦУК во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата.

Најнови вести