петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: Поради боево гаѓање, в петок и недела забрането движење кај Виречка полјана, делчевско

ЦУК: Поради боево гаѓање, в петок и недела забрането движење кај Виречка полјана, делчевско

Регионалниот центар за управување со кризи Делчево го известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека на ден 20.10.2023 година (петок) во периодот од 08.00 часот до завршување на гаѓањето од страна на РЦ – ИСТОК и ПС за граничен надзор – Делчево, ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје.

Боевото гаѓање како што се вели во соопштението ќе се изврши на временото стрелиште на место наречено Виречка полјана-атар на селото Вирче, поради што посочија дека на споменатата локација времено ќе биде забрането движењето на луѓе како и испаша на домашни животни.

-Исто така го известуваме населението дека на ден 22.10.2023 година (недела) ПС од општа надлежност – Делчево, ќе спроведе боево гаѓање со огнено оружје. Во периодот од 09.00 часот до 14.00 часот. Поради тоа се забранува секакво движење на луѓе и вршење на каква било работа и испаша на домашни животни, се вели во информацијата од Регионалната канцеларија на ЦУК Делчево.

Целта како што додаваат оттаму е да се спречат евентуални несакани последици по населението кое живее во поширокиот реон на стрелиштето.

Најнови вести