четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: Вчера имаше 23 пожари на отворен простор, активни се уште четири

ЦУК: Вчера имаше 23 пожари на отворен простор, активни се уште четири

Во земјава вчера имало вкупно 23 активни пожари на отворено, од кои активни се уште четири, инфрмира ЦУК.

Во  Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и речиси р невозможно за пристап на лица и за гаснење, во Општина Велес, кај с.Нежилово близу месноста „Изворите на Бабуна“ гори букова шума, во Општина Долнени, меѓу с Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во Општина Штип кај с.Пухче ниска вегетација и шума. (МИА)

Најнови вести