петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, активни се уште два

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, активни се уште два

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК.

До утрово, според извештаите што се стигнати во ЦУК, активни пожари од последното деноноќие има уште два. Тие се во Општина Македонски Брод, кај с.Белица (каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста шума) и во Општина Чашка кај с.Горно Јаболчиште (каде што гори стара сеча и стари букови дрвја).

Од вчерашните 29 пожари се изгаснати 27 и тие биле на цела територија на државата, конкретно во општините:
– Општина Студеничани, кај с.Студеничани (каде што горела ниска вегетација);
– Општина Сарај, с.Глумово (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Аеродром, с.Долно Лисиче (ниска вегетација);
– Општина Зелениково, 1с.Орешани (ниска вегетација);
– Општина Карпош, покрај ул. „Ацо Шопов“ (ниска вегетација);
– Општина Бутел, кај месноста „Клучка Оризари“ (стрниште и ѓубриште);
– Општина Арачиново, с.Арачиново (ниска вегетација);
– Општина Долнени, с.Ропотово (ниска вегетација);
– Општина Прилеп, четири пожари, кај с.Мажуриште (ниска вегетација), Градски Базан во Прилеп (ниска вегетација), катеј оранжерии во Прилеп (ниска вегетација) и кај маркетот „Стибера“ (ниска вегетација);
– Општина Василево, помеѓу с.Градашорци и с. Едрениково (ниска вегетација, лозови насади и објект колиба);
– Општина Ново Село, с.Зубово (ниска вегетација);
– Општина Босилово, с.Гечарлија (ниска вегетација);
– Општина Валандово, с.Пирава (ниска вегетација);
– Општина Македонски Брод, с.Могилец (ниска вегетација);
– Општина Охрид, с.Подмоље (ниска вегетација);
– Општина Велес, с.Згрополци (ниска вегетација);
– Општина Куманово, с.Проевце (ниска вегетација);
– Општина Старо Нагоричане, с.Сув Ора (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– Општина Гостивар, четири пожари, кај ресторант Монт Бланк (ниска вегетација), кај патарина Гостивар –Тетово (ниска вегетација), наелба „Грудајца“ (ниска вегетација) и кај градскиот стадион (ниска вегетација);
– Општина Пехчево, кај месност „Равна Река“ (ниска вегетација и насади со сливи) и во
– Општина Пробиштип, с.Гарјанци (каде што горела ниска вегетација и стрниште).

Најнови вести