Полицијата попладнево го приведе Суад Мемеди, советник на пратеникот Курто Дудуш.
Како што неофицијално дознава МКД.МК, Мемеди е уапсен под сомнение дека барал мито за легализација на куќа. Полицијата го фатила со парите кои ги зел како мито.
Осомничениот во моментов е на распит во полициска станица.